18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЕвровизија: "Дали тоа беше кокаин?"(ВИДЕО)

Евровизија: “Дали тоа беше кокаин?”(ВИДЕО)

Во текот на прес-конференцијата по победата на италијанскиот бенд Манескин на Евровизија во Ротердам, еден новинар им постави невообичаено прашање на членовите на групата.

Имено, новинарот забележал како камерата го фати фронтменот на овој бенд, Дамијан Давид, како “сурфа” над масата. Новинарот додава дека се чини дека Давид вовлекува непозната материја во носот.

“Луѓето на социјалните мрежи сугерираат дека станува збор за кокаин. Дали беше кокаин, што беше тоа?”, праша новинарот.

Сепак, пејачот многу брзо ги негираше тие обвинувања.

“Томас ја скрши чашата. Јас не користам дрога, луѓе, ве молам”, рече Дејвид.

“Немој да го говорите тоа. Без кокаин, те молам не го кажувај тоа”, го заврши своето излагање фронтменот на Манескин.

Погледнете го видеото и самите пресудете.

https://twitter.com/ShadesDaddyy/status/1396226402836520964

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП