
Овен (21.03 – 20.04)
Доколку ја послушате својата интуиција ќе успеете да започнете со некоја нова и добра работа. Вашиот емотивен живот ќе биде многу возбудлив, полн со љубов, страсти, предизвици, романтика, љубомора. Чувајте се од промаја, можна е мигрена.

Бик (21.04 – 21.05)
Не сакате на никого да му се правдате за своите постапки. Избегувајте ги кавгите со партнерот, дури и ако мислите дека сте во право, бидејќи само ќе изгубите време и ќе се оптеретите беспотребно. Избегнувајте масна храна.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Ве очекуваат добивки, кои дополнително ќе ве мотивираат за работа. Финансиите се поправаат. Многумина од вас ќе започнат љубовни приказни кои ќе ги крунисаат со брак. Среќата ви се насмевнува. Вашата концентрација е лоша.

Рак (22.06 – 22.07)
Успевате да ја вратите загубената самодоверба. Опуштете се и работете го тоа што ви одговара и никако не се исцрпувајте преку мера. На партнерот секогаш гарантирајте му добар провод, добро ќе се чувствувате. Во голема мера сте виновни за нарушеното здравје.

Лав (23.07 – 22.08)
Напнатоста може да ви ја оневозможи шансата да влезете во нови деловни предизвици. Премногу сте недоверливи. Љубовта ви е во моментов во втор план, го занемарувате партнерот. Немате волја било што да промените кога станува збор за здравјето.

Девица (23.08 – 22.09)
Тешко ги поднесувате критиките од лицата кои не ги поднесувате доволно. Препуштете им се на обврските без висок степен на деловен ризик. Важно ви е да изгледате убаво, духовито и шармантно пред својата околина. Имате добро здравје.

Вага (23.09 – 22.10)
Ви се препорачува да продолжите со започнатата иницијатива и да не се завртувате кон негативните коментари. Немојте да го заострувате вашиот однос со саканото лице. Се исцрпувате премногу и тоа се одразува на вашиот имунолошки систем.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не сакате да одговарате на провокативните прашања. Лоша комуникација со соработниците. Доколку сте незадоволни со емотивниот или брачниот статус, преземете некои нешта во свои раце. Контролирајте го внесот на слатки, можна е дебелина.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе успеете да ги завршите сите обврски пред зададените рокови. Важно е дека правилно се разбирате со своите соработници околу распределбата на деловните обврски. Забележувате дека партнерот има некои тајни планови, што дополнително влијае на вашата нервоза. Болки во пределот на грбот и зглобовите.

Јарец (22.12 – 20.01)
Ве очекуваат добивки, кои дополнително ќе ве мотивираат за работа. Финансиите се поправаат. Многумина од вас ќе започнат љубовни приказни кои ќе ги крунисаат со брак. Среќата ви се насмевнува. Вашата концентрација е лоша.

Водолија (21.01 – 19.02)
Перфекционист сте и во се што работите барате дури и најситна грешка или можен проблем. Кај вас се мора да се одвива според планот. Многу сте одговорни. Добра парична ситуација. Емотивно, многу тежок и лош период. Се ви е поважно од сопственото здравје.

Риби (20.02 – 20.03)
Сакате некој да биде искрен со вас, но кога тој ќе ви каже што отворено мисли, вие ќе избувнете. Смирете се и не се нервирајте, уживајте во некоја книга, филм или магазин и оттргнете ги проблемите далеку од себе. Од финансиски аспект настапува поволен период во кој успешно ќе ги покривате сите ваши месечни трошоци.