25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗачин кој морате да го вметнете во исхраната: 1 лажица дневно топи...

Зачин кој морате да го вметнете во исхраната: 1 лажица дневно топи 10 кг за 3 месеци

Резултатите од истражувањето со овој зачин биле импресивни, жените од првата група загубиле во просек за 14 проценти повеќе отколку жените од втората група кои не го консумирале.

Техеранскиот институт на медицински науки спровел интересно истражување со две групи, а секоја се состоела од 44 жени со вишок килограми.

Во текот на 3 месеци и двете групи се хранеле по иста шема (1,200 калории дневно) со тоа што во секојдневното мени на првата група била вклучена и 1 лажица кумин (индиски ким). Овој зачин го додавале во немасниот јогурт или во салатите.

Резултатот бил импресивен, жените од првата група загубиле во просек 14 проценти телесни масти повеќе отколку жените од втората група. Таквиот ефект се објаснува со тоа што куминот содржи фитостероли кои имаат спсобност за намалување на нивото на холестеролот во крвта.

Исто така овој зачин е богат со калциум, фосфор и железо. Ја стимулира работата на бубрезите и гастроинтестиналниот тракт, тој е добар диуретик, а поради подобрување и забрзување на липидниот метаболизам во организмот се смета за одлично средство во борбата со вишокот килограми.

Како да го консумирате: За подобрување на метаболизмот внесот на семето ким треба да биде 1 лажица дневно. Додавајте го секојдневно овој зачин во јајцата, месото, сирењето, а исто така и во јоргуртот и салатите.

Лица на кои не им е препорачано консумирањето на кумин: лица со зголемена киселост, гастритис, чир во желудникот, срцеви заболувања, дијабетес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП