8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba планира раст на профитот за 50 проценти

Toshiba планира раст на профитот за 50 проценти

toshiba1

Јапонскиот производител на електроника „Toshiba“ планира до март 2016 година да го зголеми оперативниот профит за 50 проценти, во однос на финансиската 2013 година, на 400 милијарди јени, односно 4,1 милијарди евра.

Претседателот на компанијата Хисао Танака планира да го зголеми производството на флеш мемориски чипови и да го забрза ширењето на бизнисот во странство во подрачјето на енергетиката.

Компанијата го реорганизираше своето работење во врска со телевизорите, откако изгуби 100 милијарди јени во последните две години, поради конкуренцијата од другите производители, вклучувајќи го и „Samsung“.

Акциите на „Toshiba“ се намалија за 3,7 проценти во текот на вчерашното тргување на берзата во Токио.

Од почетокот на годината понудите пораснале за 23 проценти, додека индексот на токиската берза „Nikei 225“ е зголемен за 34 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП