21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПоловина лажичка цимет дневно прави чуда за вашето здравје

Половина лажичка цимет дневно прави чуда за вашето здравје

Циметот е одличен извор на манган, железо, калциум, бакар и цинк, а во продолжение од текстот погледнете на кои начини оваа намирница го лекува и штити нашиот организам.

Ако додадете цимет во вашата исхрана, ќе ви помогне во контролата на наглите подеми и падови на нивото на шеќер во крвта.

На тој начин можете да ја намалите и потребата за слатки, и да го подобрите дејството на антиоксидансите од другите намирници кои му помагаат на телото да се брани и да го зајакне имунолошкиот систем

Само половина лажичка цимет дневно може значително да го намали нивото на шеќер во крвта, триглицеридите и холестеролот кај луѓето со дијабетес тип 2.

Циметот ја намалува вкочанетоста во мускулите и зглобовите, ги сузбива воспаленијата, го подобрува здравјето на дигестивниот систем, го стимулира мозокот, циркулацијата на крвта и го блокира производството на протеини во мозокот, кои доведуваат до појава на Алцхајмерова болест.

Затоа, ставете половина или цела лажичка цимет во кафето, какаото, чајот, смутито и уживајте во благодетите на овој зачин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП