6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„UBS“ може да им понуди криптоинвестиции на богатите клиенти

„UBS“ може да им понуди криптоинвестиции на богатите клиенти

„UBS Group AG“ е во почетна фаза на проект за можност за инвестирање во дигитални валути, насочен кон богати клиенти – друга компанија што се обидува да го прошири својот пристап во услови на голема побарувачка.

Швајцарската компанија разгледува неколку алтернативи за инвестирање во оваа класа на средства, велат за „Bloomberg“ луѓето што се запознати со планот. Инвестициските предлози ќе бидат мал дел од состојбата на клиенти поради нестабилноста, а опциите ќе вклучуваат инвестирање преку инструменти на трети страни, вели еден извор.

Се повеќе компании наместо хартии од вредност нудат крипто услуги. „Goldman Sachs Group Inc“ влезе уште подлабоко на пазарот на биткоин вреден 1 трилион долари со понуда на деривати поврзани со цената на биткоинот, кои се плаќаат во готово. Од друга страна, „Morgan Stanley“ планира да им обезбеди пристап на своите богати клиенти до три фондови што овозможуваат криптовалути, а „Bank of New York Mellon Corp.“ развива платформа за тргување со традиционални и дигитални средства. „Citigroup“ исто така ја разгледува можноста за крипто услуги.

„Внимателно следиме што се случува во областа на дигиталните средства“, се вели во соопштението на „UBS“. „Што е уште поважно, имаме најголем интерес за технологиите што се основа на дигиталните средства, особено за технологијата на дистрибуиран регистар“, велат од банката.

Биткоинот останува најпопуларната дигитална валута во моментот, но и другите белези го зголемуваат интересот за себе. „UBS“, од своја страна, е загрижена дека може да изгуби некои од своите клиенти ако не понуди ваков вид инвестиции, велат изворите.

Извршниот директор на швајцарскиот конкурент, „Julius Baer Group“, Филип Рикенбахер на конференција претходно минатата недела изјави дека компанијата работи со партнери за да им понуди на своите клиенти пристап до криптовалути, иако засега нема намера да спроведува свои трансакции со биткоин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП