27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДревна историја: Шерон Стоун за фамозната сцена во „Ниски страсти“

Древна историја: Шерон Стоун за фамозната сцена во „Ниски страсти“

Шерон Стоун ја опиша култната сцена со прекрстување на нозете во Basic Instinct („ Ниски страсти“) како древна историја.

63-годишната актерка глумеше како Кетрин Трамел во филмот од 1992 година, но таа се наврати на незаборавната сцена во нејзините мемоари The Beauty of Living Twice.

Прашанa за коментар на таа тема во емисијата „Добро утро, Британија“ на британската Ај-ти-ви, Шерон рече: Напишав сè што навистина имав да кажам за тоа во книгата. Тоа е древна историја за мене”.

Шерон во своите мемоари тврди дека член на продукцискиот тим ѝ рекол да ја тргне долната облека на снимање на сцената и дека првпат го гледала филмот во просторија полна со агенти и адвокати.

Таа во книгата напиша:„Така ја видов мојата вагина – снимена за филм, долго откако ми рекоа ‘не можеме да видиме ништо, треба да ги извадиш гаќичките бидејќи белото ја рефлектира светлината па сите знаеме дека имаш гаќички на себе’“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП