Меган, британската војвотка од Сасекс, следниот месец ќе објави детска книга под наслов The Bench (Клупа) за односот помеѓу татко и син, базирана на нејзиниот сопруг принцот Хари и детето на двојката Арчи, објави во вторникот издавачот.
Книгата е најнов потфат на Меган и Хари, внукот на кралицата Елизабета, откако тие се повлекоа од кралските должности и се преселија во Лос Анџелес минатата година со Арчи, кој го слави својот втор роденден подоцна оваа недела.

