1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилијардерот Керимов ги продава ѕвездите на Анжи

Милијардерот Керимов ги продава ѕвездите на Анжи

anzhi

Милијардерот и сопственик на најскапиот руски фудбалски клуб ќе продава дел од ѕвездите на тимот само неколку дена откако неговиот удел во компанијата Уралкалај се намали со 375 милиони долари.

Сулејман Керимов, кој е 19-иот најбогат човек во Русија со лично богатство кое се проценува на 7 милијарди долари, планира да ги продаде клучните играчи и да ги намали трошоците во Анжи Махачкала.

Во последните две години Керимов има потрошено над 200 милиони долари за купување на фудбалски ѕвезди, меѓу кои бразилското крило Вилиан Боргес да Силва (35 милиони евра) и камерунскиот напаѓач Самуел Ето (28 милиони евра). Керимов планира да го скрати огромниот буџет на клубот во износ од 180 милиони долари, намалувајќи го до „50-70 милиони долари“, најави директорот на клубот Константин Ремчиков.

Клубот исто така ќе се раздели и со тренерот Рене Муленшаин само 16 дена по заминувањето на легендарниот холандски тренер Гус Хидинк. Поранешниот тренер на Aнжи – Гаџа Гаджиев, ќе го преземе тимот, изјавил Ремчуков.

Освен Ето и Вилиан, други скапи играчи, за кои се зборува дека ќе си заминат, се руските репрезентативци Игор Денисов, Јури Жирков и Александар Кокорин. Плановите на Керимов за намалување на буџетот на Анжи доаѓаат неколку дена откако клубот загуби клучен натпревар, а загубата го остави на 13-то место во руското фудбалско првенство. Пред неколку недели клубот ја започна сезоната како еден од фаворитите.

Керимов поразот го има земено при срце и поради тоа решил дека клубот „не вреди си ги троши нервите и да си го уништува здравјето“.

Одлуката на Керимов сепак може да е поврзана во поголема мера со неговите финансии, а во позадината се шпекулира дека ваквиот чекор на милијардерот е да собере средства за покривање на берзанските загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП