27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗа прв пат во историјата: Роверот на Марс направи кислород

За прв пат во историјата: Роверот на Марс направи кислород

Роверот на НАСА “Perseverance”, трансформираше јаглерод диоксид од атмосферата на Марс и го претвори во кислород, што е прва трансформација направена на друга планета, објави НАСА.

„Ова е клучен прв чекор кон претворање на јаглерод диоксид во кислород на Марс“, изјави во средата Џим Ројтер, еден од помошниците директори на НАСА.

Експериментот се случил на 20 април, а НАСА се надева дека следните верзии на експерименталниот материјал ќе му помогнат на човекот еден ден да користи трансформиран кислород од Марс.

На астронаутите кои ќе одат на мисија на Марс ќе им помогне да не носат со себе големи количини кислород за да можат да се вратат на Земјата.

Експериментот е направен со помош на “Mars Oxygen In-Situ Resource Utilization Experiment” (MOXIE), која е кутија со големина на батерија и се наоѓа на предниот дел на роверот.

Тој користи електрична енергија и хемиски процеси за да ги оддели молекулите на СО2, правејќи кислород од една страна и јаглерод моноксид од друга страна.

Во првиот обид, MOXIE направил пет грама кислород, што е доволно астронаутот да дише десет минути во нормални активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП