Ковид -19 може да остави дури 48 различни долгорочни последици врз пациентите кои го прележале, утврдила студијата на американски научници и СЗО. Утврдено е дека дури 80 проценти од пациентите кои имале коронавирус имаат еден или повеќе симптоми на постковид или продолжен ковид, што може да трае со месеци откако вирусот ќе се прележи.
Американската студија, направена врз основа на 18.251 публикации од 2020 година, кои се однесуваат на 47.910 пациенти, покажува дека најчестите последици од Ковид – 19 се замор, кој повеќе од половина од испитаниците го чувствуваат долго, па дури и повеќе од 100 дена. Нешто помалку од половина од испитаниците имаат главоболка, а првите пет последици вклучуваат нарушување на вниманието, опаѓање на косата и отежнато дишење. Но, некои луѓе трајно остануваат со дијабетес, откажување на бубрезите, параноја, додека има и такви кои доживеале мозочен удар…


