25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЅвездата од „FRIENDS“ конечно станува мајка

Ѕвездата од „FRIENDS“ конечно станува мајка

Филмската ѕвезда Џенифер Анистон, за време на долгоочекуваниот собир на актерската екипа од „Пријатели“ откри дека конечно ќе стане мајка на 52 години, пренесува британскиот весник Мирор.

За прв пат од финалето на серијата во 2004 година, Мет Лебланк, Дејвид Швимер, Метју Пери, Лиза Кудроу, Џенифер Анистон и Кортни Кокс се собраа во истото студио каде ја снимаа хит серијата повеќе од десет години.

Очигледниот емотивен собир ја принуди Анистон, која за серијата рече дека „тоа биле десетте најдобри години од нејзиниот живот“, да им ја открие добрата вест на своите колеги и пријатели.

Актерката, наводно, ќе посвои девојче од мексикански дом за сираци, кој финансиски го помага веќе многу години, а целиот процес треба да заврши до јуни.

Сè уште не е познато кога ќе се емитува двочасовното специјално издание од серијата, но се знае дека ќе биде прикажан на HBO max.

Освен што еднаш се собраа на вечера од крајот на снимањето на серијата, ова беше првпат сите шест актери да бидат во иста просторија во последните дванаесет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП