20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолкави се шансите да се заразите од коронавирус по вакцинирањето?

Колкави се шансите да се заразите од коронавирус по вакцинирањето?

Вакцината против „Ковид-19“ е една од главните алатки кои помагаат во борбата против пандемијата на коронавирусот, но ниту една вакцина не е 100% ефикасна. Ова значи дека некои луѓе можат да се заразат со коронавирус дури и ако биле вакцинирани.

Новото истражување анализирало колкави се шансите да се заразите по вакцинирањето, а резултатите покажале дека вакцините сепак работат добро. Една студија објавена оваа недела во New England Journal of Medicine покажа колку ретко може да се случи некое лице да се зарази откако ќе биде целосно вакцинирано, односно откако ќе добие две дози на вакцината.

Истражувачите испитале повеќе од 28.000 здравствени работници во Калифорнија кои биле целосно вакцинирани. Само седум, или 0,02%, биле позитивни на Ковид-19 повеќе од две недели по примањето на втората доза на вакцината на Модерна или Фајзер.

Дури и оние испитаници кои биле позитивни по вакцинирањето имале само благи симптоми на болеста или биле асимптоматски носители. Д-р Дејвид Вол, специјалист за инфективни болести на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Северна Каролина, рече дека резултатите се извонредни.

Забележан е пад на случаите откако ќе помине повеќе време од примањето на првата, а потоа и на втората доза на вакцината. Вкупно 145 случаи се пријавени во првите седум дена од првата доза.

„Бројот на заразени се намалуваше“, рече Вол.

Авторите на студијата истакнуваат дека резултатите се охрабрувачки и дека „тие сугерираат дека ефективноста на овие вакцини се одржува и надвор од испитувањето“. Но, тие и понатаму сугерираат на придржување кон епидемиолошките мерки сè додека не се постигне колективен имунитет.

Вол посочува дека треба да се внимава особено поради појавата на нови варијанти на вирусот, бидејќи тие можат да ги нарушат претходните напори во борбата против епидемијата. Затоа Вол ја охрабрува вакцинацијата бидејќи „вакцините кои сега ги имаме, исто така, штитат од новите варијанти до одреден степен“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП