16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСимптоми кои не смеете да ги игнорирате

Симптоми кои не смеете да ги игнорирате

Од рак на јајници годишно заболуваат голем број на жени ширум светот. Голем проблем е што дијагноза е тешко да се воспостави, а симптомите не се специфични и можат да се поклопат и со други болести. Еве некои симптоми кои можат да укажуваат на рак на јајници…

1. Подуеност

Вашиот стомак ќе изгледа подуено дури и ако не сте јаделе или пиеле многу. Натечениот стомак сепак не значи автоматски дека имате рак на јајници, но ако тоа трае подолго, обратете се на лекар.

2. Болки во стомакот и карлицата

Острата и упорна болка во карлицата и абдоменот, исто така може да биде симптом на рак на јајници.

3. Ситост

Чувство дека сте сити иако ништо не сте јаделе. Доколку немате апетит и јадете многу малку, би било добро да се обратите кај лекар.

4. Често мокрење

Нагонот за често мокрење, некогаш и три до четири пати во рок од еден час, може да биде знак дека нешто не е во ред со вашите јајници.

5. Претерано вагинално крварење

Крварењето после менопауза и ректалното крварење се исто така симптоми за рак на јајници. Кога тоа трае подолго од еден месец, време е да се обратите кај гинеколог.

6. Болка во грбот, запек, замор, губење на тежина

Овие симптоми можат да укажуваат и на некои други болести, но не е на одмет да посетите лекар доколку почувствувате некој од овие симптоми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП