19 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕ14 работи на кои ниту еден маж не може да одолее

14 работи на кои ниту еден маж не може да одолее

Заведувањето од жената може да биде поедноставно отколку што се мислеше. Сексуалноста не мора да биде „вродена“, таа се развива со природност и некои мали трикови.

На пример, кога жената знае дека на мажите нешто особено им се допаѓа, тогаш тоа ќе го потенцира повеќе.

Сајтот Bright Side носи неколку трикови што жените можат да ги користат, а мажите не можат да одолеат на нив.

Кога жената нежно ја гризе усната

Усните често се во фокусот на вниманието, а кога се малку каснати, тоа може да ги полуди мажите.

Нежна и негувана кожа

Не е ни чудо што жените во антички Египет и Рим почнале да ги отстрануваат влакната и да ја негуваат кожата. Тие знаеле дека нежната и мека женска кожа може да отвори многу врати.

Висок реп или пунџа

Иако се смета дека лабавата коса може веднаш да го привлече вниманието на мажите, пунџата и репчето се фризури кои откриваат многу работи што ги привлекуваат мажите – уши, врат, лице, грб и деколте.

Кога жената носи машка кошула

Кога ја носи неговата облека, таа вели: „Сакам твојата кошула да биде близу моето тело.“ Мажот разбира дека не размислува само за неговата кошула, туку и за него.

Поглед преку рамото

Тој мистериозен поглед над неговото рамо има своја магија. Не е ни чудо што многу претходни рекламни постери имаат убавица што гледа токму така.

Самодоверба

Кога жена што има самодоверба и знае да изгледа убаво, влегува во просторија и веднаш привлекува внимание. Но, самодовербата никогаш не треба да биде претерана, бидејќи тогаш може да биде иритирачка.

Голи рамена

Се вели дека голите рамења на жената ги тераат мажите да ги гушкаат и да ги заштитат. Фустаните или блузите кои малку ги откриваат рамената и даваат секси изглед на жената.

Убава прошетка во потпетици

Некои жени не сакаат потпетици, а некои не можат да замислат ден без нив. Но, ако жената одлучи да носи високи потпетици, таа мора да биде сигурна дека може да оди убаво и лесно. Во спротивно, магијата ќе биде тотално нарушена.

Перничиња усни

Малку полни, светли усни се најпознатата одлика на женската привлечност. Истакнете ги кога и да можете, но не претерувајте.

Елеганција

Елеганцијата носи совршена рамнотежа: не ја става женската сексуалност во преден план, но не ја ни крие. Елеганцијата е целосна слика за жената, од тоа како се однесува, каков и е вкусот и каков накит сака.

Пеги

Жените често ги кријат и се обидуваат да се ослободат од нив, а пегите можат да бидат прекрасна декорација на лицето.

Природна шминка

Премногу шминка ги одбива мажите. Може да биде многу пудра или руменило, премногу истакнати очи или премногу кармин на устата. Во основа не сакаат шминка на женско лице, па затоа треба да се шминкате како да не сте ставиле ништо. Лесна пудра, малку руменило, само молив и маскара, и доволно е.

Очила

Очилата даваат слика на строгост и недостапност, што ги привлекува мажите како магнет. А дополнително кога на тоа ќе се додаде поглед над очилата…

Искрена насмевка и смеа

Многу девојки се плашат дека широката насмевка ќе им го расипе имиџот. Во реалноста, тоа не е случај: сите мажи обожаваат кога жените ги покажуваат своите емоции слободно и отворено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП