„Citroen“ објави кратко видео на својот нов модел, објавувајќи го датумот на неговото деби – 12-ти април. Од тизерот станува јасно дека автомобилот ќе се разликува од неговите конкуренти, наликува на голем хечбек со сериозно растојание од земја.
Во исто време, сепак, јасно е дека ќе ја наследи втората генерација на „C5“, која вклучуваше седан и караван, произведени до 2016-та и 2017-та година, соодветно. Дури и пред нивното суспендирање, поранешната извршна директорка на компанијата Линда Џонсон (сега таа е на чело на „Peugeot“) изјави дека компанијата подготвува нов семеен автомобил кој ќе ги задоволи трендовите во автомобилската индустрија.


