27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрвиот број на „Супермен“ продаден за повеќе од 3 милиони долари

Првиот број на „Супермен“ продаден за повеќе од 3 милиони долари

Првото издание на стрипот, кое чинеше 10 центи во 1938 година кога се појави, сега е најскапиот стрип, пишува Би-Би-Си.

Стрипот го објаснува потеклото на Супермен и го опишува неговото доаѓање на земјата каде што стана Кларк Кент.

Супермен е измислен лик за кого се смета дека е најпознатиот и најпопуларниот суперхерој на сите времиња.

Неговите творци се канадскиот карикатурист Џозеф Шустер и американскиот сценарист Џером Сигел.

Супермен настана во 1932 година за време на дружбата на Шустер и Сигел во Кливленд, Охајо.

Правата на ликот ги откупија издавачите на стрипови Detective Comics Inc., попознат како DC. Супермен првпат се појави во јуни 1938 година во списанието „Action Comics“, а потоа стигна до сите медиуми (радио, телевизија, филм и весници).

Тој е еден од најмаркантните суперхерои и икона на популарната култура. Денес неговите авантури се објавени во голем број стрип-списанија.

Comic Book-Record Sale

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП