19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Canva“ достигна проценка од 15 милијарди долари

„Canva“ достигна проценка од 15 милијарди долари

Австралиската компанија за софтвер „Canva“ соопшти дека нејзината пазарна вредност достигнала 15 милијарди долари по инвестиција од 71 милион долари, со што давателот на алатки за соработка во дизајнот стана еден од најбрзо растечките софтверски стартапи во светот, пишува „Bloomberg“.

Нови инвеститори во кругот се „Dragoneer Investment Group“ и „T. Rowe Price Global Technology Fund“, заедно со постојните „Blackbird Ventures“ и „Skip Capital“, објави „Canva“. Компанијата со седиште во Сиднеј беше проценета на 6 милијарди долари во јуни и 3,2 милијарди долари на крајот на 2019-та година.

Онлајн платформата за дизајн соопшти дека оваа година поминала годишен приход од 500 милиони долари, што претставува зголемување од 130% на годишно ниво, додека останува профитабилна. Сега има 55 милиони активни корисници месечно, наспроти 30 милиони во јуни.

„Силната лојалност на клиентите и постојаната иновација доведоа до добар раст“, ​​рече Алан Ту, менаџер на портфолиото во „T. Rowe Price Global Technology Fund“. „Веруваме дека тие имаат лидерски тим да продолжат по овој пат да станат многу поголема компанија“, додава тој.

„Canva“ беше ко-основана од Мелани Перкинс, Клиф Обрехт и Камерон Адамс. Компанијата се појави во 2013-та година, а нејзиниот производ се користи во 190 земји во светот.

Според веб-страницата на компанијата, меѓу клиентите на „Canva“ има компании како што се „American Airlines“, „Intel“ и „PayPal“, пренесува „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП