19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 природни напитоци за подобра меморија

5 природни напитоци за подобра меморија

Ви претставуваме неколку природни напитоци кои ги подобруваат когнитивните способности…

Сок од калинка

Ова егзотично овошје е богато со посебни антиоксиданси кои ги подобруваат вашите когнитивни способности и меморија. Пиење од  овој сок секојдневно ќе ви помогне повеќе отколку што очекувате.

Чај

Чајот е пијалок кој ќе ја подобри активноста на вашиот мозок, што стана јасно кога во зелениот чај се пронајде епигалокатехин галат, кој го подобрува растот на мозочните клетки и моморативната способност. Чајот исто така е богат со антиоксиданси, а пиењето на една чаша црн чај дневно може да покаже навистина завидни резултати.

Какао

Флавонолите од какаото се ефикасни во релаксирањето на крвните садови, кои за возврат го намалуваат крвниот притисок, а пиењето шолја топло какао го намалува ризикот од мозочен удар.

Шејкови од бобичесто овошје

Капините и боровинките ја подобруваат активноста на невроните и спречуваат оштетување на мозокот, а исто така позитивно влијаат на меморативната способност.

Чај од куркума и цимет

Можеби ви изгледа како чудна и непозната комбинација, но овој пијалок спречува деменција, а се верува дека ако додадете малку маслиново масло може да спречите и појава на Алцхајмерова болест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП