25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЃумбир - делува на организмот подобро од повеќето лекови

Ѓумбир – делува на организмот подобро од повеќето лекови

Ѓумбирот е корен со потекло од Индија. Во медицински цели се употребува повеќе од 5000 години. Денес се одгледува не само во Индија и Јапонија, туку и во Америка. Содржи 0,25 до три проценти етерично масло и пет до осум проценти гингерола – масна густа течност со лут вкус без мирис.

Поволно делува на метаболизмот кај заболените од дијабетес, па се користи како средство против згрутчување на крвта и воспаленија.

Се употребува пред се во свеж облик, но и сомелен во прав. Одлично е тоа што свежиот и термички обработениот ѓумбир имаат целосно исти својства, Можеби не сте знаеле дека во многу земји традиционално се користи за третмани на коса. Најмногу се користи за намалување на првутот.

Ако страдате од непријатности при патување, па и најмалата километража ви создава мачнина, решението повторно е ѓумбирот.

Истражувањето на универзитетот Бригам Јанг утврди дека ѓумбирот делува на организмот подобро од повеќе лекови против мачнина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП