ТЕХНОЛОГИЈА

Која ќе биде просечната цена на телефоните во оваа година?

Аналитичката компанија „IDC“ ги претстави своите предвидувања за пазарот на паметни телефони во оваа година, но и за во иднина.

Според извештајот, и покрај пандемијата, побарувачката за мобилни телефони не опаѓа премногу. Продажбата преку Интернет во голема мера е подобрена – на овој начин се купени околу 20% повеќе производи во 2020-та година, во споредба со 2019-та година.

Најголем раст на испораките на паметни телефони за 2021-ва година се очекува во Кина и САД, кои и онака се двата најголеми пазари. Во 2020-та година, бројот на испораки во двете земји се намали за околу 10% во споредба со претходната година.

Како што истакнува „IDC“, 5G телефоните ќе бидат „фактор на движење во индустријата“ и оваа година, така што се очекува да сочинуваат околу 40% од вкупниот светски пазар на паметни телефони во 2021-ва година, додека во 2025-та година се предвидува да сочинува дури 70%.

Вкупната просечна продажна цена на телефоните во светот оваа година веројатно ќе се зголеми на 363 долари, а претходно се предвидуваше дека ќе биде 349 долари.