24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМажи, заборавете на теретаната: Жените открија какви тела претпочитаат, а пивскиот стомак...

Мажи, заборавете на теретаната: Жените открија какви тела претпочитаат, а пивскиот стомак е „ин“

Можеби критериумите се намалени благодарение на карантинот и фактот дека сите малку се опуштија кога станува збор за храната и вежбање.

Сè уште не е познато дали на овие резултати влијаеше карантинот и фактот дека сите малку се опуштија во однос на вежбањето, но едно ново истражување покажа дека дури 75 проценти од жените претпочитаат мажи кои се малку полнички, пренесува UNILAD.

Анкетата е спроведена од страницата dating.com на 2.000 луѓе кои требало едноставно да одговорат кој тип на тело им е најпривлечно. Додека 75 проценти се определиле за мажи со мали пивски стомачиња, 20 проценти рекле дека телото воопшто не е суштинска точка кога пронаоѓаат партнер, туку ја гледаат личноста. Само 5 проценти откриле дека сакаат да гледаат мажи на тренинг, со мускули.

Марија Саливан, претседателка на dating.com, рече: “Фит телата се сметаат за попривлечни, но ова истражување даде спротивни резултати. Општеството наметнува некои идеали кога станува збор за физичкиот изглед, но драго ни е да потврдиме дека луѓето, сепак не ги следат тие примери кога бараат партнери“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП