26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПандемијата му „откина“ четвртина од богатството на Мајкл Џордан

Пандемијата му „откина“ четвртина од богатството на Мајкл Џордан

Економската криза што ја придружува пандемијата на коронавирусот има негативно влијание врз бизнисот на Мајкл Џордан.

Богатството, за многумина најдобриот кошаркар на сите времиња, минатата година му опадна за 500 милиони долари и сега изнесува 1,6 милијарди долари.

И покрај падот на вредноста на имотот за 24 проценти, Џордан сè уште е меѓу 1.500 најбогати луѓе во светот.

Во април минатата година, неговото богатство беше проценето на 2,1 милијарди долари, а падот се должи на пандемијата и лошите инвестиции.

Мнозинскиот сопственик на НБА франшизата, Шарлот Хорнетс, продолжува да собира богатство врз основа на договори со многу брендови.

Иако поминаа повеќе од 18 години откако тој ја заврши својата кошаркарска кариера, патиките со неговото лого се уште се едни од најбараните во светот. Тој заработува од 100 до 150 милиони долари годишно само од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП