25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГигантот подготвува телефон со двојно преклопување

Гигантот подготвува телефон со двојно преклопување

Компанијата „Samsung“ наводно работи на телефон со двоен механизам за преклопување.

Станува збор за уред кој се состои од три сегменти поврзани со две шарки, а може да биде претставен до крајот на оваа година.

Тоа би бил третиот телефон на „Samsung“ што се преклопува, по моделите „Galaxy Z Fold“ и „Z Flip“.

Како што се чини според информациите кои „протекоа“ на Интернет, „Samsung“ го адаптираше дизајнот на телефонот „Galaxy Fold“ за овој модел. Исто така, на датумот на издавање на новиот уред може да влијае и фактот дека во моментов нема доволно чипови на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП