27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот „Audi Q6 e-tron“ пристигнува следната година

Електричниот „Audi Q6 e-tron“ пристигнува следната година

По премиерата на моделот „e-tron GT“ и додека чекаме за промоција на серискиот „Q4 e-tron“, „Audi“ најавува дека ќе ја прошири својата гама со друг електричен модел во текот на следната година.

Станува збор за „SUV“ моделот „Audi Q6 e-tron“ кој ќе ја сподели технологијата со идната, електрична генерација на „Porsche Macan“.

Исто така, потврдено е дека „Audi Q6 e-tron“ ќе се базира на новата платформа „PPE“ (Premium Platform Electric) што „Audi“ ја развива заедно со „Porsche“.

„Q6 e-tron“ исто така ќе биде првото „Audi“ што ќе се заснова на платформата „PPE“, со најава дека е еден од 20-те нови модели што „Audi“ ќе ги лансира до 2025-та.

Како што стојат работите сега, автономијата со едно полнење на батеријата ќе биде повеќе од 483 километри.

Опсегот треба да вклучува верзии со 469 ks (523 ks со преголема моќност) и 636 ks за спортската верзија на „Q6 e-tron RS“.

„Q6 е-tron“ ќе се произведува во фабриката на „Audi“ во Инголштад во Германија од следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП