4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОбјавени номинациите за „Оскар“

Објавени номинациите за „Оскар“

Нетфликсовата холивудската драма „Менк“ од 1930-тите го предводеше разноликото поле номинации за „Оскар“ во понеделникот (16 март), преполно со историски новитети од типот „за првпат“, но без јасен фаворит за највисоката почест во филмската индустрија, коментира „Ројтерс“.

„Менк“, филм за снимањето на „Граѓанинот Кејн“доби 10 номинации, вклучувајќи ја и таа за најдобар филм, за режисерот Дејвид Финчер и за актерите Гери Олдман и Аманда Сејфрид. Но, повеќето од неговите номинации беа во занаетчиски области како дизајн на звук и шминка.

По шест климнувања со глава заработија другите кандидати за најдобар филм „Татко“, „Исус и црниот месија“, „Минари“, „Земја на Номадите“, „Надежна млада жена“, „Звук на металот“ и „Судењето на седумтемина од Чикаго“.

Девет од 20-те номинации им припаднаа на небели актери, вклучувајќи ја првата за муслимански актер Риз Ахмед и за Јужнокорејката Ју Јанг Јун , во она што „Варајети“ го опиша како најразноликата актерска плоча на Оскарите досега .

„Никогаш ниту во соништата не помислував дека корејска актерка ќе биде номинирана за Оскар и не можам да верувам дека тоа сум јас!“ – рече Јун, која глуми палава баба во „Минари“.

Чедвик Боузман посмртно е номиниран за „Оскар“ за најдобар актер за својата последна филмска улога во „Ма Рејни: Мајка на блузот“, а во оваа категорија се и Ентони Хопкинс за „Татко“, Риз Ахмед за „Звук на металот“, Гери Олдман за „Менк“ и Стивен Јеун „Минари“.

Петте номинирани актерки се Андра Деј за „САД против Били Холидеј“, Вајола Дејвис за „Ма Рејни: Мајка на блузот“, Френсис Мекдорманд за „Земја на номади“, Ванеса Кирби за „Делови од жена“ и Кери Малиган за „Надежна млада жена“.

За најдобра режија се номинирани Клои Жао за „Земја на номади“, Емералд Фенел за „Надежна млада жена“, Дејвид Финчер за „Менк“, Ли Ајзак Чанг за „Минари“ и Томас Винтерберг за „Уште една тура“.

Рекордни 76 номинации им припаѓаат на жени, соопшти Академијата за филмски уметности и науки. За првпат во 93-годишната историја на „Оскарите“, две жени – Клои Жао и Емералд Фенел- ќе се натпреваруваат во трката за најдобра режија, која одамна е машко упориште.

Академијата за филмски уметности и науки, која ги доделува „Оскарите“, соопшти дека анализира можности како да ја одржи церемонијата во живо во Лос Анџелес, на 25 април, два месеца подоцна од вообичаеното. Академијата го замоли режисерот Стивен Содерберг повторно да го осмисли овој настан во екот на пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП