19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРинго Стар изгледа како 50, а не 80 годишник

Ринго Стар изгледа како 50, а не 80 годишник

Легендарниот рок-музичар и поранешен тапанар на „Битлси“, Ринго Стар, во неделата вечерта се појави изненадувачки на Греми-наградите во Лос Анџелес.

80-годишниот „битлс“ се качи на сцената за време на телевизиското емитување во живо за да го додели последниот трофеј на вечерта, наградата за рекорд на годината.

„По една година комуникација преку ‘Зум’, одлично е да се биде тука. Всушност, одлично е да се биде насекаде“, рече тој.

Ринго, кој живее во Лос Анџелес со сопругата Барбара Бах, в петок ќе издаде нов EP Zoom In, како и нова книга „Ринго рокс: 30 години на сите sвезди 1989-2019“.

Легендарниот тапанар изгледа прекрасно со обоена темна коса и уредна брада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП