28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонскиот филм „Ефектот на среќа“ од утре на редовниот репертоар во кината...

Македонскиот филм „Ефектот на среќа“ од утре на редовниот репертоар во кината Синеплекс

Од утре (11 март) во кината Синеплекс почнуваат проекциите на македонскиот долгометражен игран филм „Ефектот на среќа“. По отворањето на фестивалот Синедејс и учествата на интернационалните филмски фестивали PriFest и SEE Online, каде ја освои наградата за најдобар филм, „Ефектот на среќа“ ќе може да го види и домашната публика.

Минатиот месец, продуцентската куќа која стои зад „Ефектот на среќа“, Ново македонско видео, потпиша договор за меѓународно застапување и дистрибуција на филмот со компанијата Videoplugger од Велика Британија.

„Ефектот на среќа“ е урбана драма за универзалната потрага по среќа. Ја следи Леа, млада девојка на работ на смртта која го почнува својот последен предизвик – теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се мултиплицира, исто како и чувството на тага, осаменост и депресија. Користејќи го еклектичниот, индивидуалистички пристап кон експериментирањето и моќта на позитивното размислување, врските и равенките ја водат на патот кон откривање на крајната среќа.

Филмот ја обработува темата на смртта, стравот од смртта, но пред сè го покренува прашањето како го поминуваме времето додека сме живи? Дали сме будни и свесни или остануваме во сон дури и кога ќе станеме од креветот наутро?

Главните улоги во овој филм ги толкуваат Дејана Попоска, Сашко Коцев, Ана Стојановска, Сара Анастасовска, Петре Арсовски, Мими Танеска, Јовица Михајловски. Сценариото и режијата се на Борјан Зафировски. Продуцент е Сашо Пешев, ко-продуценти се Диме Стојановски, Стефан Орландиќ, Предраг Карло Калежиќ и Вљоса Бериша, а извршен продуцент е Михајло Цветанов.

Билетите се во продажба во Синеплекс, а проекциите почнуваат од 18 и од 19:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП