26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Lamborghini“ го прави „Urus“ најмоќниот модел во својата историја

„Lamborghini“ го прави „Urus“ најмоќниот модел во својата историја

Италијанскиот производител „Lamborghini“ работи на обновување на својот кросовер „Urus“, кој ќе добие две нови модификации. Едниот ќе биде хибрид, што ќе го направи „Urus“ најмоќниот производствен модел на брендот во историјата, а вториот ќе го носи името „Sport RS“.

Појавата на хибридна верзија на „Lamborghini Urus“, која ќе се напојува од електричната мрежа, во 2016-та година го навести техничкиот менаџер на компанијата Маурицио Реџани. Според информациите на британското издание „Car“, тој ќе се појави во 2022-ра година, кога се планира обновата на моделот.

Тој тврди дека хибридниот „Urus“ ќе добие бензински мотор од „Porsche“, кој ќе развива 600 ks. Заедно со електромоторот, моќноста ќе скокне до 820 ks, што автоматски го прави кросоверот најмоќниот „цивилен“ модел во историјата на марката.

Во моментов, купето и роудстерот на „Sian“, исто така се хибриди и развиваат 819 ks. Во гамата на „Lamborghini“ е вклучен и хиперавтомобилот „Essenza SCV12“ со атмосферски „V12“, кој има 830 ks, но овој модел не може да се вози по јавни патишта, само на патека.

Според прелиминарните податоци, хибридниот „Urus“ ќе биде потежок околу 250 килограми од сегашната бензинска верзија со 4,0-литарски V8 кој развива 650 ks. Дополнителната тежина доаѓа од големата батерија, која ќе му овозможи на кросоверот солидна километража. Колку ќе биде, засега не е откриено. Хибридната варијанта нема да биде единствениот нов додаток на гамата на моделот. Следната година, верзијата „Urus Sport RS“ ќе биде објавен со засилена моќност од 675 ks со V8 мотор. Премиерата на ажурираниот модел ќе се одржи за неколку месеци, а продажбата ќе започне на почетокот на 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП