Компанијата „Facebook“ за две години исплатила еден милион долари на „бели хакери“ кои им помагаат да се отстранат безбедносните дупки во социјалната мрежа. На блогот на корпорацијата беше соопштено дека оваа програма стана корисно средство во напорите на социјалната мрежа за обезбедување на безбедност.
Според податоците на „Facebook“ дури 329 лица добиле премии во овој период, меѓу кои влегуваат како професионални програмери, така и аматерски. Најмладиот учесник има само 13 години.
Помошниците на компанијата живеат во 51 земји во светот, а само 20 проценти се жители на САД.
Не само „Facebook“ се насочува кон услугите на т.н. „бели“ хакери (white hat – бел ред.). Во мај „Google“ исто соопшти дека им исплатила на хакерите хонорари во висина од 1.7 милиони долари, за да откријат пропусти во производите на компанијата. Во јуни „Microsoft“ објави импресивна награда за оние кои ќе учествуваат во испробувањето на бета верзијата на оперативниот систем „Windows 8.1“ и ќе ги откријат нејзините слабости.
Под поимот „бели хакери“ се разбира хакери кои нудат знаење и нестандардни размислувња во корист на големите технолошки корпорации и на општеството.