29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ

Почина легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ

Познатиот српски и југословенски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67-годишна возраст.

Балашевиќ бил примен на Инфективната клиника пред три дена, каде се лекуваше од пневмонија.

Тој имал проблеми слични на оние што ги предизвикува коронавирусот пред десетина дена, но се јавил на лекар кога се влошиле.

Ѓорѓе Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад. Има издадено повеќе албуми.

Во 1977 откако станал дел од групата Жетва, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Синглот е продаден во 180.000 примероци, што за тоа време претставувало голем успех.

Балашевиќ честопати одржуваше концерти и во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП