24 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 15.02.2021

Дневен хороскоп 15.02.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Снаодливи сте, а тоа ви носи сјајни резултати. Партнерот не исполнил нешто што одамна ви го ветил и вие ќе бидете лути за тоа. Избегнувајте бурни реакции во големо друштво.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Можно е да слушнете чудна информација. Немојте да избрзувајте најпрвин проверете ја пред да се посрамотите. Парнерот има големи планови, но вас не ве вклучил во нив.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Продолжете да се трудите и успехот сигурно нема да изостане. Кариерата ви оди во нагорна линија. Партнерот во вас пронашол свое сигурно пристаниште. Потрудете се да не го изневерите.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Во деловната околина ќе бидете пофалени за постигнатите резултати. Вашата врска денес едноставно блеска, а тоа се должи на вашето прекрасно расположение. Поминете го овој ден со партнерот и радувајте се на прекрасните моменти.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Време е да се ослободите од заостанатите финансиски обврски. Се додека не го направите тоа, нема да можете да тргнете понатаму. Во љубовта конечно ќе ги запознаете сите вредности на саканото лице.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе воспоставите многу важна деловна комуникација. Доколку ви е важно да го израдувате семејството или саканото лице, променете ги вашите навики. Немојте да ја иритирате околината со постапките.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Деловните правила брзо се менуваат. Обидете да се прилагодите на тоа. За да ги остварите вашите намери во љубовта најпрвин потребна ви е искреност. Размислете дали сте подготвени за чекор нанапред.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Делувате амбициозно и непрекинато смислувате нови деловни решенија. Колегите и надредените го ценат тоа. Во љубовта се однесувате наметливо, тоа му пречи на партнерот.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Инсистирате на некои рокови и со тоа правите непотребна тензија меѓу соработниците. Потребен ви е одмор. Доколку сакате да направите промена, сега е вистински момент.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Малите конфликти на почетокот на работниот ден ќе ве направат нервозни и неподготвени за компромис. Нека не ве обесхрабруваат лошите коментари, тие што ги кажуваат не знаат колку всушност вредите.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Спротивставете им се на лицата од авторитет тогаш кога мислите дека е потребно да го направите тоа. Изливите на љубомора и посесивност многу ќе ви одмогнат. Можни се кавги со партнерот.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Нема потреба премногу да се експонирате на работа. Тоа нема да ги зголеми вашите заслуги. Во љубовта имате чувство дека сте погрешиле? Обидете се да му приредите нешто забавно на партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП