27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 13-14.02.2021

Викенд хороскоп 13-14.02.2021

Овен (21.03 – 20.04)

Не сакате да се откажете од своите идеи. Подготвени сте да се борите за она што сметате дека е важно и вредно. Доколку сте слободни викендот е претставен како многу интересен.

Бик (21.04 – 21.05)

Склони сте кон донесување на нагли одлуки. Поведете сметка тоа да не ви се одбие од глава. Размислувате за брак или сериозни чекори на љубовен план, но не сте сигурни дека и партнерот е подготвен.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Поволен викенд ако се заминавате со приватна работа, особено поврзана со спорт. Можете да очекувате промена на заработката. Доколку сте во брак исто така очекувајте поволен викенд.

Рак (22.06 – 22.07)

Многу е важно да имате доволно трпение и да оставите некои работи да се движат по својот тек. Ви се допаѓа некое лице кое делува претерано сериозно и малку дистанцирано.

Лав (23.07 – 22.08)

Можно е да се појават финансиски промени. Не би требало да се грижите премногу бидејќи се ќе се среди со тек на време. Во љубовта препорака е да направите нов чекор кон лицето кое ви се допаѓа.

Девица (23.08 – 22.09)

Нема причина за грижа, деловната ситуација е сосема стабилна. Имате добри аспекти. Вашиот партнер покажа иницијатива и среќни сте поради тоа. Се чувствувате многу убаво во неговото присуство.

Вага (23.09 – 22.10)

Вие викендов ќе имате многу деловни обврски и ќе треба до максимум да им се посветите. Ве очекува напорен викенд. Можно е овој ден љубовта да не ви биде приоритет но тоа ќе трае кратко.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе уживате во мирниот викенд кој е пред вас. Нема причина да се грижите за работата премногу. Релаксирајте се. Доколку сте слободни можете да очекувате ново познанство.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можете да очекувате поддршка од страна на работното опкружување за вашите проекти. Можете да се надевате на позитивен викенд. Во љубовта ве очекува комуникација со личност која може да биде вашиот следен партнер.

Јарец (22.12 – 20.01)

Размислувате за деловните промени кои сакате да ги спроведете во дела. Ќе ви биде потребно време да го реализирате тоа. Можно е некоја личност од вашето минато да е упорна со своите обиди да го обнови контактот со вас.

Водолија (21.01 – 19.02)

Можете да се надевате на некоја прилика за хонорарна или дополнителна работа. Вашата заработка би можела да се зголеми. Во моментов се двоумите меѓу две лица. Потребно е да се одлучите само за едно.

Риби (20.02 – 20.03)

Можете да добиете добар совет од страна на некој пријател. Можете да се потпрете на блиските лица. Во љубовта може да се појави ново познанство. Не сте сигурни дали сте подготвени за нова љубов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП