25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако до многу силен имунитет? Еден ВИТАМИН игра клучна улога!

Како до многу силен имунитет? Еден ВИТАМИН игра клучна улога!

Навидум, работата е едноставна – само 15 до 20 минути на сонце ќе ви обезбедат доволно витамин Д за целиот ден.

Но, што да правиме во зима, кога сонцето е слабо или поради обврски сте спречени да излегувате во текот на денот.

Како да ги препознаете симптомите на недостаток на витамин Д?

Бидејќи овој витамин е клучен за одржување на имунитетот и правилниот метаболизам, многу е важно да ги препознаете знаците кои ви ги испраќа вашето тело.

Болки во коските

Витаминот Д го регулира метаболизмот на калциум и фосфат и е многу важен за одржување на цврсти и јаки коски. Во случај на недостаток на витамин Д, може да се појави болка во коските и тетивите. Во случај на екстремен недостаток на овој витамин, коските стануваат меки и склони кон кршење.

Физичка слабост

Да, физичка слабост. Една студија покажа дека мускулната слабост е сигурен показател за недостаток на витамин Д.

Замор и летаргија

Чувството на замор и летаргија се исто така знаци на недостаток на витамин Д. Голема американска студија докажа дека 77 проценти од пациентите со недостаток на витамин Д имаат постојано чувство на замор. Меѓутоа, кога нивото на витамин ќе се врати во нормала, заморот значително се намалува.

Депресија

Постои врска помеѓу недостатокот на витамин Д и депресијата. Едно истражување покажа дека групите со најголеми шанси за недостаток на витамин Д (постари лица, адолесценти, дебели, хронични пациенти…), исто така, имаат најголем ризик од депресија. Друга студија покажа дека во повеќето случаи, ако се чувствувате лошо расположени, а не ја знаете причината за тоа, виновник е недостатокот на витамин Д.

Грчеви во мускулите

Покрај чувството на слабост во мускулите, најверојатно ќе имате грчеви како дополнителен симптом. Иако е суптилен знак, тие можат да бидат навестување на недостаток на витамин Д.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП