20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.02.2021

Дневен хороскоп 03.02.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Бидејќи се работи за нормални појави, сфатете ги како составен дел од животот и не драматизирајте. Поради некоја причина ќе морате да ги намалите потрошувачките апетити и да почнете да штедите.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Полни сте со енергија и воља да преземете нешто, работите ќе ги извршувате со голем ентузијазам. Во поамбициозните работи поврзани со пари ќе имате успех. Во љубовта состојбата е стабилна, но не многу инспиративна.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе имате многу бурен и напорен работен ден. Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Можно е да се најдете во центарот на некоја сложена љубовна приказна полна со страсти, неизвесности и обврски.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Доброто расположение и поволните услови ќе ве пратат целиот ден. Финансиите ви се подобруваат, но сеуште е рано да правите сметки. Емоционланиот живот ви носи нови изненадувања особено за претставниците од втората декада.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Доколку некои нешта ви создаваат проблем на работното место, јасно и гласно кажете го тоа. Некои колеги со радост ќе се обидат да ви помогнат. Во љубовта не сте на најповолното ниво, и редно време е нешто да преземете.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Не ви се допаѓаат нечии ставови и постапки на работното место, но доколку премолчите подобро ќе си поминете. На никого не му се потребни кавги, па затоа олабавете малку, научете да уживате. Во љубовта ситуацијата е поволна.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете импулсивни и нагло ќе настапувате. Обидете се да бидете посмирени и подобро да размислувате пред да направите нешто за што подоцна ќе се каете. Во семејството ве очекува пријатна домашна атмосферара каде целосно ќе се опуштите.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денов ќе го посветите на правење планови во врска со работата. Необавезните разговори со соработниците можат да ви помогнат да научите нешто ново што би можеле да го искористите за напредување во кариерата. Добро би било да можете малку да се препуштите на животните радости и да се одморите.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Добар и поволен глас ќе дојде до вас кога станува збор за работата. Претставниците кои се во сериозни врски ќе имаат причина за задоволство. Слободните ќе гледаат со недоверба во средбата со една интересна личност од спротивниот пол.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе морате да бидете поеластични со деловните партнери и соработниците. Некој ќе ви замери за однеусвањето. Во љубовта ве очекува напорен ден, бидејќи вие и вашиот партнер сте се завртеле еден против друг.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе умеете да ги избегните сите препреки и ќе бидете полни со разбирање и нежност спрема вашиот партнер. На работното место ќе дојде до расправија, но вие вешто ќе ја прекинете. Сработете се што е потребно, не оставајте ништо за наредната недела.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Не би требало да се изненадите ако некој од вашите нови познаници почне и да ви се додворува. Не треба да се вообразувате, бидете друштвени. Денес некако нема да ви се работи, па сите обврски ќе ги оставите за наредната недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП