26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрквата каде одат светски познати имиња се наоѓа средe скандал, трошeла пари...

Црквата каде одат светски познати имиња се наоѓа средe скандал, трошeла пари од донации на луксуз

Хилсонг црквата, чии членови се Кортни Кардашијан, Џастин Бибер и многу други познати личности, е обвинета за неплаќање кирија, кражба и трошење пари на луксуз од донации.

Ако сте обожавател на Џастин Бибер, тогаш веројатно сте слушнале за Хилсонг црквата, чиј пејач до неодамна беше активен член со неговата сопруга Хејли, а ја напушти по тешките обвинувања поради кои црквата сега е под тешки обвиненија.

Христијанската мега-црква е основана во Австралија, но брзо стана популарна меѓу холивудската елита. Меѓу другите познати членови се Кајли и Кендал Џенер, Кортни Кардашијан, Крис Прат, Селена Гомез, Ник Џонас и многу други.

Сега компанијат Wall Street Theater, чиј театар во Конектикат црквата го изнајми за своите неделни проповеди, ја тужи Хилсонг за повеќе од 100.000 долари неплатена кирија, кражби и неморални и бескрупулозни дела, пишува „New York Post“.

Непосредно пред да избувне пандемијата на коронавирусот, црквата потпиша нов договор според кој требаше да плаќаат нешто помалку од 6.000 долари неделно за да го користат просторот. Во мај 2020 година тие побараа раскинување на договорите, на што се согласи Wall Street Theater, но Хилсонг никогаш не им го исплати долгот од 100.899 долари.

Сопствениците на просторот тврдат и дека исчезнала електронската опрема од театарот и дека одбиваат да ги вратат украдените предмети од страна на црквата. Но, од тука не застануваат обвинувањата против омилената црква на славните.

Многу поранешни членови излегоа и во јавноста со обвинувања дека пасторите трошеле донации на луксуз. Хилсонг исто така беше ставена под засилен надзор откако беше откриено дека поранешниот пастор Карл Ленц ја изневерувал својата сопруга со која бил во брак 17 години, додека некои поранешни членови ја споредиле црквата со култ.

Црквата Хилсонг исто така предизвикуваше полемики во минатото со своето спротивставување на хомосексуалните бракови, сексистички ставови, па дури и промовирање лажни идеали кои вклучуваат пластична хирургија за жените да бидат попривлечни за мажите. Имало и неколку обвинувања за злоупотреба, што наведува многу пастири да ја напуштаат црквата со текот на годините, но дури по последниот скандал членовите почнаа масовно да ја напуштаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП