4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДортмунд сака да го откупи Сахин

Дортмунд сака да го откупи Сахин

sahin

Борусија Дортмунд има намера да го откупи Нури Сахин од Реал Мадрид уште сега, тврдат локалните медиуми. Халфот е позајмен од Шпанците на Германците до летото 2014-та година.

Сепак тренерот Јирген Клоп, смета дека сега е вистинскиот момент за да си го загарантираат турскиот репрезентативец за постојано. Дортмунд го продаде Сахин на Реал пред две години, но играчот не успеа да се наметне на „Сантијаго Бернабеу“. Во неговиот договор има специјална клаузула за Борусија, според која клубот може да го откупи назад за сума од 7.5 милиони евра.

24-годишниот фудбалер се врати на „Сигнал Идуна Парк“ за пролетната полусезона на изминатиот шампионат и постепено ја поврати силната форма. Евентуалната понуда на Реал би била добредојдена за клубот, бидејќи тие собираат пари за да го земат Герет Бејл, за кого по се изгледа дека ќе биде фрлена колосална сума.

Ова лето „жолто-црните“ веќе потрошија 50 милиони евра за Хенрих Мхитарјан (27.5 милиони), Сократис Папастатопулос (9.5 милиони) и Пјер-Емерик Обамејанг (13 милиони). Продадени пак беа Марио Гетце (37 милиони евра), Фелипе Сантана (1 милион евра) и Ласе Зобиех (500 000 евра).

Неодамна од Борусија признаа дека размислуваат за уште еден силен трансфер до затворање на преодниот рок и најверојатно го имале во предвид овој на Сахин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП