26 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобриот детокс напиток за во зима

Најдобриот детокс напиток за во зима

Лошата исхрана особено ако е базирана на малку готвена храна и претерано брза храна, во нашето тело знае да создаде горчина и чувство дека носите тегови. Ова е најдобриот зимски детокс напиток за организмот.

Последицата е оној познатиот „камен“ во желудникот, омалаксаноста и недостатокот на енергија, а сите тие болки ќе бидат олеснети со еден микс од овошје и зеленчук кој го чисти организмот, а особено го регулира дигестивниот тракт.

Морков – полн со хранливи влакна и антиоксиданти – каротенот кој во телото се претвора во витамин А спаѓа во семејството на портокалови зеленчуци кои го поттикнуваат системот за варење побрзо да работи и го решаваат застојот предизвикан од пренатрупаноста.

Краставица –благодарение на изобилството од влакна го зголемува чувството на ситост, таа е природен диуретик па ја смирува надуеноста и го чисти телото од токсини.

Нане – го забрзува и контролира системот за варење и го смирува желудникот.

Состојки:

– ½ литри вода

– 1 грејпфрут

– 2 големи моркови

– 1 краставица

– две парчиња изрендан ѓумбир

– 5 листови нане

Подготовка:

Излупете го грејпфрутот, морковот и краставицата и исецкајте ги и ставете ги во блендер и мешајте. Додадете вода, ѓумбир и повторно измешајте, потоа на крајот додадете ги листовите нане. Подготвениот напиток консумирајте го два пати дневно најдобро наутро и пред ручекот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП