27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПодгответе се за Apple наочари: Големи планови за 2021 година

Подгответе се за Apple наочари: Големи планови за 2021 година

Компанијата Apple подготви многу повеќе за следната година отколку само следниот модел на iPhone.

Скоро сигурно оваа година ќе се појави AirTags уредот, кој можете да го прикачите на што сакате, на пример вашиот ранец, и со помош на него ќе го најдете ранецот ако некогаш го изгубите.

Покрај тоа, „Apple“ подготвува неколку нови производи во 2021 година, од кои едниот се однесува на проширената реалност, а се претпоставува дека станува збор за Apple очила. Новиот извештај на аналитичарот Минг-Чи Куо, кој работи во TF International Securities, посочува дека е сосема можно покрај очила, да добиеме и слушалки со поддршка за проширена реалност.

Треба да се напомене дека новиот iPhone 12, како и iPad, имаат проширена реалност, односно опциите што ги нуди. Ова се должи на LiDar сензорите, кои скоро сигурно ќе се најдат во електричното возило на Apple, но ќе почекаме за такво нешто. Се претпоставува дека корисниците на очилата на Apple ќе ги имаат сите опции што ги има еден iPhone и дека таквите функции ќе ги извршуваат преку дисплеј кој ќе биде пред нивните очи.

Куо откри дека Apple планира да објави нови AirPods слушалки, како и први уреди со Mini-LED дисплеј. Претходните озборувања посочија дека iPad Pro и некои од моделите MacBook ќе доаѓаат со мини-LED дисплеј во текот на 2021 година и ќе понудат поширока палета на бои, подобар контраст итн …

Apple целосно сака да изврши транзиција на Mac уредите во Apple Silicon, па се шпекулира за iMac уред со 24-инчен екран. Ќе мора да почекаме барем до март, кога Apple ќе го одржи првиот настан во 2021 година, иако ни тоа не е потврдено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП