Конкурсот за наградата „Роман на годината“, што го доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, трае до 15 јануари. Според конкурсот, право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2020 година. Кандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот, што не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) или по пошта, на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје).
Доколку бидат испратени по препорачана пошта, ќе бидат прифатени оние романи коишто благовремено ќе бидат доставени со дата на печатот заклучно со 15 јануари 2021 година. Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: [email protected]

