1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрв пад на добивката на Apple во изминатите 10 години?

Прв пад на добивката на Apple во изминатите 10 години?

apple

Осумнаесет месеци по превземањето на должностите од Стив Џобс, Tим Кук е соочен со раст на трошоците за производство, конкуренцијата од страна на „Samsung“ и забавувањето на продажбата на паметни телефони, со што се загрозува добивката на една од највредните светски компании.

Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен извештајот за првиот квартал од фискалната година, кој би можел да покаже пад на добивката од 2 проценти, на 12,8 милијарди или 13,48 долари по акција. Од 2003 година во сите, освен во еден квартал, компанијата бележеше раст повеќе од 10 проценти.

Аналитичарите очекуваат раст на продажбата од 18 проценти, на 54,8 милијарди, што претставува најмал раст од 2009 година.

Акциите на „Apple“ од септември имаат загубено 30 проценти од својата вредност, со што се намали пазарната вредност на компанијата за околу 190 милијарди долари, поради загриженоста од падот на побарувачката за „iPhone“ и „iPad“.

Треба да се потсетиме дека компанијата „Apple“ со нејзините резултати често ги изненадува  и најпозитивните прогнозери, така што, тоа може да се случи и утре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП