25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Amazon“ влегува на пазарот на подкасти со аквизицијата на „Wondery“

„Amazon“ влегува на пазарот на подкасти со аквизицијата на „Wondery“

„Amazon“ објави дека ја стекнува компанијата за покасти „Wondery“, проширувајќи го својот каталог со оригинална аудио содржина, пренесува „CNBC“.

Како дел од зделката, „Wondery“ ќе се приклучи на „Amazon Music“, бизнисот со стриминг на музика на гигантот за електронска трговија. „Amazon Music“ додаде подкасти на својата платформа во септември во обид да освои дел од сè поконкурентниот пазар на подкасти на кој „Spotify“, „Apple“ и другите компании заземаат голем интерес.

Во моментов условите на договорот не се откриваат.

Основана во 2016-та година, „Wondery“ продуцираше некои од најпопуларните подкасти во последниве години, вклучително и криминални серии како „Валканиот Џон“, „Доктор смрт“ и „Преку нејзиното мртво тело“. Производителот на подкасти вели дека има повеќе од 10 милиони уникатни слушатели секој месец.

Гласините за зделката се интензивираа уште од почетокот на овој месец, кога „Wall Street Journal“ објави дека „Amazon“ преговара за купување на компанија за подкасти. „Bloomberg“ објави во септември дека „Wondery“ ги разгледува можностите за евентуална продажба.

Договорот се случува кога „Spotify“, „Apple“ и други продолжуваат да се борат за доминација на пазарот на подкасти. „Amazon“, „Apple“ и „Spotify“, исто така, се обидоа да додадат подкасти на нивните услуги за стриминг, бидејќи тие станаа најпопуларен начин за слушање музика, овозможувајќи им да ги диверзифицираат своите услуги со оригинални подкасти.

„Amazon“ има присуство во аудио содржина надвор од „Amazon Music“. Компанијата го поседува и „Audible“, која вклучува аудио книги и подкасти. Услугата ги прошири своите оригинални аудио содржини во последните неколку години и го зголеми својот опсег на бесплатни подкасти, вклучувајќи ги популарните емисии „This American Life“, „Pod Save America“ и „You’re Wrong About“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП