21 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧудотворната моќ на лукот

Чудотворната моќ на лукот

Многумина го избегнуваат непријатниот мирис кој долго останува, а таа надалеку препознатлива арома ја ослободува најважна лековита состојка алицин.

Отсекогаш се знае дека лукот е најдобар од сите природни лекови. Вистина, многумина го избегнуваат поради непријатниот мирис кој долго останува.

Но токму од тој непријатен мирис се ослободува најважната лековита состојка алицин, при разградувањето на ситни компоненти. Овие супстанци се исклучително важни бидејќи реагираат во допир со црвените крвни зрнца, создавајќи соединение кое ги опушта крвните садови и овозможува добар проток на крвта.

Алицинот го намалува и крвниот притисок, па оние со овој проблем кои го избегнуваат лукот би требало да го занемарат проблематичниот мирис и да го консумираат во што поголеми количини.

Со истражувањата е потврдено дека ја олеснува работата на срцето, ги опушта крвните садови и ги снабдува органите со доволна количина на кислород.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП