21 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто се случува на организмот ако јадете лук на празен стомак?

Што се случува на организмот ако јадете лук на празен стомак?

Здравствените придобивки од лукот се многубројни

Лукот е моќен антибиотик и антиоксиданс, и затоа го штити вашиот желудник од инфекции и болести. Треба да го изедеме пред да почнеме да јадеме било што друго, да нема ништо друго во желудникот што би се мешало со хранливите материи од лукот.

Здравствените придобивки од лукот се многубројни. За сите оние кои се жалат на висок крвен притисок, ова е најлесниот и најбезбедниот начин да го одржите вашиот крвен притисок под контрола. Најдобро од сè, е што го земате еднаш дневно и нема никакви несакани ефекти, како што е случај со разни лекови.

Воспаление од секаков вид може да се спречи и излечи со лук. Оние кои страдаат од артритис можат да имаат огромна корист од лукот. Консумирање лук на празен стомак не само што ќе ви помогне во борбата против симптомите на артритис, туку и со болката поврзана со него.

Ова прекрасно растение ве оддалечува од габични инфекции, брадавици, бактерии и сите други бактериски инфекции. Ако веќе сте жртва на една од овие инфекции, земајте лук еднаш дневно и ќе се чувствувате многу подобро за неколку дена.

Слаб имунолошки систем денес е честа појава. Падот на имунолошкиот систем често доведува до настинки, грип, назални алергии и посериозни болести. Кога вашиот имунолошки систем е силен, тој е во состојба да ве заштити.

Лукот ви дава сила. Едно чешне лук има 12 мг калиум, 5 мг калциум и 100 соединенија на сулфур.

Лукот е многу добар за белите дробови. Тој ќе ви помогне во превенција и третман на органите за дишење. Може дури и да спречи пневмонија, бронхитис, гушење, кашлица и многу повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП