26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАШварценегер ги изненади колегите од „Полицаецот од градинката“ појавувајќи се на нивната...

Шварценегер ги изненади колегите од „Полицаецот од градинката“ појавувајќи се на нивната онлајн дружба

Арнолд Шварценегер им приреди посебно изненадување на своите колеги од блокбастерот „Полицаец од градинката“ од 1990 година, кога ненајавено упадна на нивниот „Зум“ или онлајн средба по повод 30-годишнината на филмот.

73-годишниот актер и поранешен политичар се појави на повеќе од половина од разговорот во понеделникот, на кој учествуваа седум од поранешните детски sвезди. Неговите колеги актери беа видно изненадени кога легендарниот акционен херој се појави на дното на нивните екрани.

„Ова е најкул изненадување, никогаш не би го очекувале ова. Навистина е добро да ве слушнам “, рече Мико Хјуз кога Арнолд се појави на екранот.

Sвездата на „Терминатор“ се отвори прашувајќи ги другите учесници како се и што има ново во нивниот живот. Тој исто така рече дека планира средба во живо во неговиот дом откако пандемијата ќе се смири доволно за да може да биде безбедно.

Во „Полицаец од градинката“, Шварци играше детектив на полицијата во Лос Анџелес , кој се крие како учител во градинка, со цел да најде сведок кој може да сведочи против дилер на дрога и убиец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП