29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВикторија Бекам имала високо ниво на жива откако изела премногу риба

Викторија Бекам имала високо ниво на жива откако изела премногу риба

Викторија Бекам имала исклучително високо ниво на жива во своето тело бидејќи јадела премногу риба.

Пејачката на „Спајс Грлс“ – Пош Спајс, а сега моден дизајнер, од својата исхрана ги исфрли сабјарката и туната и ги замени со лосос поради нивото на метилжива во овие видови риби.

„Во телото на Викторија имаше повеќепати зголемено количество на жива над дозволената граница. Така, лекарите мораа да ѝ го испираат црниот дроб за да го ослободат телото од токсини. Таа се чувствува добро, витка е, и во форма како и секогаш,“ анонимен извор изјави за британски „Сан“.

Ова доаѓа откако Роби Вилијамс за малку ќе умрел откако се затрул со жива од јадење премногу риба, а се знае дека зголемени нивоа на жива предизвикуваат рак на кожата и болести на белите дробови, пишува весникот.

Роби рече: „Јадев риба двапати на ден и го имав најголемото труење со жива што го видел докторот досега.“

Метилживата или живен хлорид, органско соединение, е најтоксичната форма на жива на која луѓето се најчесто изложени. Метилжива се акумулира во големите риби кои се хранат сп помали риби и содржат многу повисоко ниво од непредаторски риби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП