29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.12.2020

Дневен хороскоп 17.12.2020

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Не можете цел живот да бегате од проблемите. Понекогаш е важно да се поработи на внатрешниот мир. Потребно е да научите да прифатите многу нешта на кои можете да влијаете, но и да се потрудите да го поправите тоа што може да се поправи.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Наталожениот стрес поради нерешените проблеми кои се тука подолго време ќе се манифестира преку несоница, лошо варење. Бидете умерени, без оглед колку тоа звучи невозможно, крајно време е на тоа да се научите. Трошете помалку енергија.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вие го живеете животот исполнето и секогаш сте први кога станува збор за некоја нова акција. Одредено време ќе чувствувате слабост во организмот, ќе бидете поспани. Заморот кој ве следи има директна врска со недостатокот на витамини. Обрнете внимание на исхраната.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Многу сте амбициозни и имате големи планови кога станува збор за работата, но бидете малку потолерантни кон оние околу вас. Понекогаш делувате дрско бидејќи имате се помалку разбирање за другите, што може да доведе до нарушување на односот со вашите блиски лица.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Сега имате прилика да забелeжите некој, меѓу многуте во вашата близина, кој само го чека вашиот знак на заинтересираност и желба. Завртете се малку околу себе, прифатете нечие додворување. Вашето срце ќе биде купено со нечија интелигенција и внимание.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Време е на настинки и инфекции. Избегнувајте премногу ладни напитоци и промаја. Гледајте да не одите од топло на ладно директно и обратно. Овој ден би можеле да заработите сериозна настинка која може да ве врзе за креветот.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Секое инвестирање во себе ќе има неверојатно позитивен ефект. Мора да започнете исклучително серизоно да водите сметка за тоа да не се потресувате толку за некои работи и луѓе, особено не за оние во блиското опкружување. Оставете ги сами да си одлучуваат за својот живот.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сето добро кое сакате да им го наметнете на другите ќе ви се врати како бумеранг во вид на лоша енергија. Сфатете дека луѓето не сакаат кога некој се обидува да ги менува. Научете да ги прифатите такви какви што се, но изградете бариера со цел да се заштитите.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Време е на големите пресврти кои ќе ги направите, а кои се однесуваат на режимот на исхрана, но исто толку и на воведувањето на физичката активност во вашот дневен план. Никогаш не бил поповолен периодот за работа на себе и конкретните чекори кои сакате да ги преземете.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Многу инвестирање во знаењето, во мозокот, во логиката, во книгите, всушност во интелектуалните нешта. Јарецот која не го одржува својот ум и не го освежува со нови знаења се наоѓа на половина пат од болеста. Прочитајте некоја добра книга. Нервите ќе ви бидат посмирени.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Стабилни сте иако чувствувате веќе подолго време дека имате проблем со сонот. Можеби сте ја замениле ноќта со денот. Вашиот метаболизам може да го истрпи тоа. Вратете се во нормала што поскоро. Само добро организирајте се, тоа не би требало да ви претставува проблем.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Во овој ден нагласокот е на добирите вибрации. Премногу сте оптеретени со црни и мисли со негативен предзнак, така што психичи прилично сте истрошени. Ова може многу непријатно да се одрази врз вас. Морате да направите радикални промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП