27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.12.2020

Дневен хороскоп 16.12.2020

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Сте решиле да се обидете со нешто сосема ново. Преморени сте и оптеретени од досегашните обврски. Потребно е да земете краток одмор за регенерација. Поминете малку време и со партнерот.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Можно е да размислувате за позајмица, но доколку можете некако да издржите или да се снајдете на друг начин, не правете го тоа. Саканото лице ќе сака понагласено да ги покажувате вашите емоции.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можно е да делувате многу конфузно во комуникацијата, па соговорниците да гледаат во вас со недоверба. Во љубовта немојте и за најмалите ситници да си барате причина за кавга. Иако ќе ви биде тешко, обидете се да премолчите.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе бидете лошо расположени и на околината ќе влијаете иритирачки. Некој искрено ќе ви каже каде грешите. Сфатете го тоа како помош, не како закана. И со партнерот ќе имате низа недоразбирања, не правете слон од мравка.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Многу нешта ви задаваат проблеми, редно време е да ја промените политиката. Помеѓу вас и партнерот ќе се појават одредени несогласувања. Потребно е да имате позитивен став.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Најверојатно е време да размислите да го промените работното место, мора да најдете подобра опција. Поставете се позитивно во комуникацијата со саканото лице, тоа ќе го подобри вашиот однос.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Можете да очекувате успех во она што го работите. Ќе најдете решение за некои проблеми кои биле нерешливи за вашите колеги. Во љубовта се е во најдобар ред. Вие и партнерот ќе бидете неразделни.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Од вас ќе биде побарано повеќе да се ангажирате за некои задачи, на почетокот нема да ви се допадне тоа, но подоцна откако ќе забележите успех во работата, тоа многу ќе ве израдува. Во љубовта ќе постојат и помали но и поголеми кавги.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете заљубени до уши, па работата воопшто нема да ве интересира. Постојано ќе изнаоѓате начин да излезете од работното место и да се видите со саканото лице. Партнерот разбудил некои посебни емоции кај вас. Ќе бидете многу среќни.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

На работното место пред вас ќе застане вашиот надреден кој неодамна ви доделил неколку задачи и не е задоволен од резултатите. Најдете начин да се оправдате, но никако немојте да се карате. Во љубовта оние во врска или брак ќе бидат сталожени, а оние кои се сами ќе бидат во активна потрага по нов партнер.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Во деловното опкружување ќе постојат мали кавги кои ќе ви ја намалат концентрацијата. Немојте да го повишувате тонот, доколку нешто не ви се допаѓа кажете го тоа смирено. И партнерот нема да има совршен однос со вас, па запрашајте се дали можеби проблемот е во вас.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Потребно е малку да мрднете од местото каде буквално стоите како заковани. Некое лице од блиската околина ќе ви објасни како побрзо да напредувате. Послушајте ги неговите совети, тие се добронамерни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП