23 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 15.12.2020

Дневен хороскоп 15.12.2020

Овен (21.03 – 20.04)

Една женска личност може да одигра значајна улога во ублажувањето на непремостливите разлики во мислењето меѓу членовите на вашето семејство. Ова подобрување на расположението ќе ја поврати вашата раздрмана самодоверба.

Бик (21.04 – 21.05)

Ве обзема купувачката грозница. Нестабилната финансиската ситуација ве растажува, сфаќате дека немате доволно пари за на партнерот да му подготвите изненадување. Не споделувајте го вашето нерасположение, обидете се поинаку да размислувате.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сте ги прифатиле обврските за кои немате доволно капацитет. Премногу информации ви предизвикуваат стрес поради кој ќе станете убедливо расеани. Пред да направите непоправлива грешка, побарајте помош од соработниците.

Рак (22.06 – 22.07)

Можете да дојдете во искушение да се откажете од идеите во кои и понатака силно верувате. Недоразбирањето меѓу домашните и недостатокот на средства не се доволна причина да се откажете од своите планови. Помошта ќе ја најдете близу до себе.

Лав (23.07 – 22.08)

Може да ви се случи од вас да излезе некоја тајна информација која некој ќе се обиде да ја злоупотреби против вас. Нема да ви биде лесно да се извадите, па затоа во овој момент е најдобро да премолчите. Во љубовта исто така, внимавајте што зборувате.

Девица (23.08 – 22.09)

Концентрацијта не ви е на завидно ниво. Главно размислувате за уживање со саканото лице и егзотично патување, што засега не е можно. Спуштете се малку од облаците, започнете со извршувањето на работните задачи.

Вага (23.09 – 22.10)

Во љубовниот однос сте премногу ноншалантни. Вашата желба за слобода може да биде сериозен причинител на расправии. Доколку не станете посериозни и не ги прифатите критиките, некоја обична расправија за вас може да стане хорор филм.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ви претстојат пијатни деловни разговори. Иако во тајност повлекувате некои потези, вашиот труд и залагање на работното место не поминале незабележано. Наскоро ќе бидете наградени.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Емотивно сте напнати па денешните аспекти ви отежнуваат да го сочувате мирот. Саканото лице со кратките коментари дополнително ќе ве изнервира. Не ставајте се при срце, олабавете малку.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве измачува минатото и добар дел од денот ќе го поминете во преиспитување на се за што сте можеле да постапите поинаку. Завртете се кон блиските и послушајте што тие имаат да ви кажат.

Водолија (21.01 – 19.02)

Иако се ви делува ветувачки, денот не е поволен за договори и било какви трансфери. Одложете ги на кратко бидејќи ако сега започнете нови преговри можно е да ви се случат големи компликации.

Риби (20.02 – 20.03)

Обврските од вас бараат концентрација и полн ментален ангажман. Ве фрустрира судирот меѓу должностите кон другите и потребите да си угодите самите на себе. Ќе пронајдете задоволство во работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП