Четири дена пред почетокот на снимањето на новиот филм „The Midnight Sky“, 59-годишниот Џорџ Клуни бил итно хоспитализиран поради силни болки во стомакот. На популарниот актер му е дијагностициран панкреатитис, воспаление на панкреасот кое често може да биде фатално.
Како што и самиот признал, актерот не се грижел за своето здравје. Имено, за улогата во новиот филм во кој тој глуми човек кој преживеал катастрофа, актерот изгубил скоро 13 килограми за кратко време и смета дека токму затоа завршил во болница.

